(Точка ТВ) Најпоставувани прашања до адвокат, со Срџан Амет: „За лажен сертификат ќе платиш казна од 2.000 евра и е кривично дело“

Точка

27/12/2021

23:44

16.907

Големина на фонт

а а а

Во рубриката 'најпоставувани прашања', после психолог и пожарникар, ви го носиме адвокатот Срџан Амет.

Амет вели дека во текот на денот се соочува со различни предизвици за 'спасување' на луѓе од некаков проблем. Кога ќе одлучиме дека нѝ е потребна адвокатска услуга, од адвокатот имаме барања да нè застапува, да го одбрани нашиот став, односно да го убеди судот дека ние сме во право. Па затоа, општо познато е дека адвокатите располагаат со одлични комуникациски вештини и вештини за аргументирано преговарање.

Кога станува збор за најпоставувани прашања до адвокат - изборот е голем, бидејќи темите на кои може да се зборува со адвокат се многубројни, во зависност од случајот на клиентот.

Адвокат Амет го прашавме што им одговара на своите клиенти кога директно ќе го прашаат: „Дали ќе лежам во затвор?“. Секако, не ја заборавивме и добро познатата тема - лажен сертификат или немање сертификат за вакцинација од Ковид-19 - што ако ве 'фатат'.

Споменавме и неколку важни, а често поставувани прашања од социјална природа, чии одговори веруваме ќе ви бидат од помош.

Слушнете ги одговорите на најпоставуваните прашања до адвокат, со Срџан Амет.

Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk