Лидија Петрушевска, регионален оперативен менаџер на обложувалниците Sport Life: Успешна жена во „машки спорт“

Точка

30/05/2022

13:25

197.321

Големина на фонт

а а а

„Sport Life“ е рангирана меѓу најголемите 100 компании во земјава, воедно е домашна компанија со 20 годишна традиција на пазарот на игри на среќа, која брои над 900 вработени. Една од нив е и Лидија Петрушевска, мајка на три прекрасни деца, која живее и работи во Куманово, и е на позицијата регионален раководител во рамките на оперативниот сектор на компанијата. Вели дека ја сака својата работа поради нејзината динамичност, контактите со луѓето, но и поради поддршката на компанијата, која и дава сигурност и можност да го развива своето знаење преку стипендирањето на нејзините студии.

Вие сте регионален менаџер на Sport Life обложувалници и тоа за најголемиот регион кој ги опфаќа: Куманово, Велес, Крива Паланка и дел од Скопје. Што значи тоа во пракса, како се справувате со сите обврски?

Во спортските обложувалници Sport Life почнав да работам во 2011 година во Куманово, а од минатата година сум назначена за регионален раководител, со што станав одговорна за непречено функционирање на 27 обложувалници во 4 реона, кои бројат 68 оператори и 4 сениор оператори. Дел од нив се во Куманово, а другите во Скопје и во останатите градови од североисточниот регион на земјава.

Ова претставуваше нов момент за мене, нов предизвик и секако мотивација повеќе. И еве како тоа функционира – пред сè неопходна е директна, јасна и конкретна комуникација со вработените и другите сектори во компанијата. Координирање, поставување рокови коишто мора да се испочитуваат, анализирање на проблемите и нивно решавање, внимавање на деталите, носење на добро промислени одлуки и сл. Секој ден е различен и динамичен, како поради големиот број на клиенти со различни барања и потреби, така и поради грижата за вработените.


Покрај планирањето на активностите на дневно, неделно и месечно ниво, грижата за вработените и евиденцијата на работните процеси, во мојот домен е и решавањето на проблемите кои се јавуваат во текот на работењето, а тие се најчесто од човечки карактер, дали со клиентите или вработените. Им пристапувам прво со разговор и анализирање на проблемот, наоѓаме заедничко решение за истиот, а во зависност од тежината на проблемот следи и дисциплинска мерка, која што најмалку ја практикувам.

За време на пандемијата на Ковид – 19 бевме целосно затворени 2 месеци, но немавме ниту еден одјавен вработен и платата ни беше редовно исплаќана, што беше една позитива во тој период.

Работата си ја сакам и ме исполнува поради секојдневната динамика и комуникација со луѓето. За сето време ја имам и поддршката од компанијата, преку континуиран процес на обуки и едукација за стекнување на нови вештини, неопходни за работа и секако за мој личен развој.

Дали фактот што сте жена менаџер во „машки спорт“ сметате дека е предност или маана?

Напротив, никогаш не сум го сметала тоа како предност или маана, бидејќи во светот на обложувалниците, како претежно машки свет, започнав како оператор и постепено напредував, така и ја стекнував довербата кај колегите. Станав сениор оператор левел 3 за една година, по 5 години станав сениор оператор левел 1 и сега сум регионален раководител. Имаме добра работна атмосфера и односот со колегите е коректен, тие ја имаат мојата поддршка, поттик за работа и мојот однос е подеднаков за сите вработени.

Спортот е дел од мојот живот, не само преку работата, кога секојдневно ги следиме натпреварите од разни спортови, но и приватно. Мојата омилена екипа е Рома од италијанската фудбалска серија А. Навивач сум и на ракометните турнири на ниво на државата и на тениските турнири.


Не изостануваат ниту заедничките дружби со колегите, честопати организираме и промоции со награди и забавен карактер во локалните кафулиња. Добрата атмосфера, спортот, дружбата, сè дел од нашиот живот и работа и се трудиме истото да им го пренесеме и пружиме и на нашите клиенти.

Што Ве преокупира во моментов најмногу?

Покрај обврските со работата и семејството, моментално сум на студии на Бизнис менаџмент и тоа со помош на стипендија од Sport Life. Како што напредував во работењето, така компанијата вложуваше во мене и во мојот развој. На почеток, уште при самото вработување бев пратена во Скопје на обука од месец дена, и увидов дека се работи за сериозна организација која ги цени своите вработени и вложува во нив. Секако потребна е и желба и амбиција на вработените за успех. Тука можам да наведам дека не сум единствена, голем дел од менаџерите денес во Sport Life се практично израснати во компанијата, паралелно учејќи и напредувајќи во работата. Скоро 90% од нив добиле стипендии за додипломски или постдипломски студии.


Момент или ситуација во текот на Вашата работа вредна за паметење?

Значаен момент кој ќе ми остане во трајно и пријатно сеќавање е моментот кога ја добив наградата за најдобар оператор на годината за северо-источен регион во 2013 година. Од самиот чин на прогласувањето кој беше во салата на х. Александар Палас во Скопје, до фактот дека беше дојдена во момент кога бев бремена, и претставуваше изненадување за мене, ќе ми остане во сеќавање како навистина прекрасен момент и прво големо признание за мојата работа, кое се базираше на повеќе параметри како на ефикасноста, на ангажираноста, редовноста, колегијалноста и одличната услуга кон клиентите. Понатаму следуваа и други награди. Воедно сите заеднички настани и прослави како и тим-билдинг пикникот исто така се значајни и убави настани за мене.


Кои се очекувањата и идните планови во работењето?

Моите планови се во насока на тоа да продолжам со усовршувањето и развојот на работата која ја обавувам, да го задржиме приматот во индустријата како водечка компанија и да овозможиме заедно со тимска работа, услови за што повеќе задоволни клиенти и вработени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг