Мерилин Монро избегнувала интимни односи: Со љубовниците во кревет одела доколку „морала“ – поради една причина

Точка

05/07/2023

10:47

20.897

Големина на фонт

а а а

Мерилин Монро беше една од најубавите жени на своето време, а иако имала многу љубовници таа често избегнувала интимни односи.

Популарната Мерилин Монро не треба особено да ја претставуваме. Таа била секс-симбол во текот на 50-тите години на минатиот век. Симбол на убавина и сексапил која била тивко патење на многу од мажите ширум светот, па дури и на некои жени.

Била првата Плејбој зајачица. Мерилин имала бурен љубовен живот којшто вклучувал сѐ, од претседател до спортски ѕвезди и актери.


Според наводни светски медиуми таа била интимна и со ѕвездите како што се Марлон Брандо, Френк Синатра и Елвис Присли. Меѓу нејзините љубовници бил и американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и неговиот брат Роберт Кенеди, како и двата сина на Чарли Чаплин.

„Зошто да не? Сексот е нешто што го правите со луѓето кои ви се допаѓаат. Што би можело да има лошо во тој природен чин?“, изјавила во една прилика Мерилин Монро на тема интимни односи.

Мерилин Монро не уживала во сексот

Мерилин во јавноста проектирала слика на лесни интимни односи без обврска. Во суштина, таа не уживала во нив, особено не со мажите.

Постоеле три причини зошто Мерилин не била опуштена во текот на интимните односи:

Се плашела дека ќе забремени затоа што нејзиното семејство имало долго проклетство на ментални болести. Нејзината мајка Гледис и нејзиниот вујко Мерион пателе од параноидна шизофренија. Баба ѝ и дедо ѝ завршиле во ментални установи. Мерилин Монро се плашела да не роди шизофрено дете.

Втората причина зошто таа не сакала секс е тоа што патела од ендометриоза. Ендометриоза е медицинска состојба која резултира со болни односи.


Третата причина била тоа што неа повеќе ја привлекувале жени отколку мажи.

Без оглед на тоа што имала многу љубовници, Мерилин не можела да доживее оргазам поради своите внатрешни демони.

„Еднаш ми рече дека никогаш во животот не доживеала оргазам со маж“, изјавил во една прилика Жан Негулеско, режисер на еден филм во кој глумела Мерилин.

Дури подоцна во нејзиниот живот, нејзиниот психијатар, д-р Ралф Гринсон, ја научил како да го доживее тоа. Дури после тоа таа навистина почнала да ужива во интимните односи.

Мерилин сексуално ја искористувале холивудските могули

Многу пред да постои Харви Вајнштајн, Холивуд го воделе мажи кои го користеле своето влијание и моќ сексуално да искористуваат млади и амбициозни актерки.

„Кога почнав да се занимавам со манекенство, тоа беше дел од работата. И, доколку не сакаш да се согласиш, имаше 25 девојки кои требаше да го направат тоа“, изјавила еднаш Мерилин.


Дерик Ф. Занук (1902-1979) бил семоќен шеф на продукциското студио „Фокс“. Зенук измислувал т.н. „кауч за кастинг“.

Секое попладне меѓу 16 и 16 и 30 часот имал „состанок“ со разни старлети во својата канцеларија. Во текот на тој состанок, тој искористувал многу актерки, меѓу нив и Монро.

„Нема големи трагедии. Никој никогаш не добил канцер од сексот. Спиев со продуценти. Би била лажга доколку кажам дека не го правев тоа“, изјавила своевремено популарната русокоса.

Џозеф М. Шенк (1876-1961) бил уште еден моќен раководител во „Фокс“. Мерилин со години морала да го задоволува за да добива улоги. Зборувала дека односот со него знаел да трае до неколку часа додека не се онесвестеле од алкохол на нивниот кауч.

Мерилин ја привлекувале и жени

Едно време таа живеела и била интимна со Наташа Лајтс, а ја оставила со скршено срце. Мерилин имала секс и со Џоан Крафорд, Барбара Стенвик, Марлен Дитрих и Елизабет Тејлор.


Иако Елизабет Тејлор ѝ била голем ривал на Мерилин во Холивуд, тие две имале романтични средби. Тејлор подоцна во својот дневник напишала:

„Нејзиниот допир беше електричен. Сакав да видам до каде тоа ќе оди. Но, мораше да ја заврши својата работа“, напишала за интимните односи со Мерилин таа.

Многу психолози дошле до истиот заклучок кога е во прашање комплицираниот љубовен живот на Мерилин Монро.

Мерилин имала многу тешко детство поради што сакала да им се допадне на сите. Набрзо потоа дознала дека има прекрасно тело, кое ги полудувало мажите. Ја искористила својата убавина да привлече внимание, но и љубовта која ѝ недостасувала во текот на растењето.

Меѓутоа, длабоко во себе се чувствувала дека не заслужува да биде сакана и среќна, што е последица на емоционалните лузни од детството. Штом се венчала за Димаџи или Милер, таа веќе ги планирала разводите.


Мерилин за жал цел живот ја барала љубовта

„Љубовта е најважната работа која некогаш може да ни се случи“, изјавила Мерилин Монро неколку дена пред да биде пронајдена мртва во својата спална соба.