Кристијано Роналдо доби статуа во Саудиска Арабија помалку од една година од трансферот во Ал Наср, но на многу фанови во очи им влегла фризурата која ги потсетила на Лионел Меси.
Имено, во Ријад е отворен музеј за Роналдо, а во него е направена и восочна фигура во чест на Португалецот, која е свечено откриена.
Присутен на откривањето заедно со својот постар брат, Роналдо направил неколку фотографии со статуата, но еден детаљ довел до тоа фотографите од статуата да предизвикаат голема полемика на социјалните мрежи. Имено, фризурата на статуата повеќе личи на таа која порано ја носел Меси, па коментарите почнале да се редат.
„На прв поглед повеќе личи на Меси отколку на него“, „Статуата личи малку на Меси, малку на Роналдо“, се само некои од коментарите.
Сепак, без оглед на тоа колку статуи ќе бидат направени во чест на португалската супер-ѕвезда, може да се каже дека ниедна нема да предизвика толку критики како таа што беше откриена на аеродромот во Мадеира во 2017-та година.
Бистата воопшто не ни личеше на Роналдо, а 15 месеци подоцна беше заменета.