„Ин маркетинг“: Социјалните мрежи навидум се едноставни, но колку повеќе ги проучувате доаѓате до информации клучни за бизнисот

Точка

13/12/2021

12:43

265.311

Големина на фонт

а а а

Николета Синадинова и Ивана Бакрачевска веќе четири години заедно раскажуваат една успешна приказна на пазарот на маркетинг. И двете се основачи и сопственички на маркетинг агенцијата „Ин маркетинг“, која покрај тоа што ги нуди сите маркетинг услуги, особено е специјализирана за развој на бизнисите со користење на социјалните мрежи, кои се се помоќна алатка поради нивната масовна употреба.

Во интервјуто за порталот „Пари”, велат дека последен настан на кој работеле е одбележување на 30 години независност на Македонија. За социјалните мрежи велат дека навидум изгледаат многу едноставно, но колку повеќе се продлабочувате и ги користите сите алатки тогаш пристапот е многу посериозен и дава информации кои можат да бидат од клучно значење за бизнисот.

,,Се трудиме да навлеземе комплетно во mind set-от на клиентот и крајните купувачи со цел да можеме да го претставиме производот/услугата, и секако најважно – да ја зголемиме продажбата”, велат Синадинова и Бакрачевска, сопственички на ИН маркетинг.

ПАРИ: ИН маркетинг прослави четири години постоење на пазарот, како сте задоволни од сработеното досега?

ИН МАРКЕТИНГ: Почетокот на ИН маркетинг беше релативно брз и едноставен. Но кога реалноста не освести, беше прилично интересен предизвик. Сработивме доста сериозни проекти, настани, кампањи со кои вистински се гордееме. Последниот посериозен проект беше настанот за одбележување 30 години независност на С.Македонија, кој се одржа на 8 ми септември пред Собранието на Република Македонија. Посебен впечаток беше визуелниот – мултимедијален перформанс, видео мапинг на фасадата на зградата. Како позначајни проекти кои може да ги издвоиме се: реализација на кампања – 25 години Кнауф Македонија, кампања 20 години Биотек, кампања MasterCard Contactless картички на Капитал Банка, како и лансирање и дизајн на MasterCard Contactless картички, реализација на многубројни донации… а секако мора да го истакнеме и Polleo Sport, за кој може да кажеме дека е наше првенче со кое растеме заедно. Денес Polleo Sport претставува синоним за здрав начин на живеење, лидер во фитнес опрема и спортска исхрана.


ПАРИ: Што им нуди ИН маркетинг на своите клиенти и што е тоа што ве прави поразлични од другите агенции?

ИН МАРКЕТИНГ: ИН маркетинг е маркетинг агенција која е специјализирана за одржување на социјални мрежи, комплетен маркетинг, односно маркетинг стратегија, истражување, организација на целокупните маркетинг активности кои се потребни за одреден клиент, секаков вид на дизајнерски креативи и решенија, брендинг, ПР, како и комплетна организација на настани и спонзорства.

Кога зборуваме за маркетинг и креативност, ние сме ALL IN!

ПАРИ: Колку македонските компании користат маркетинг услуги, дали се свесни за улогата на маркетингот?

ИН МАРКЕТИНГ: Не радува фактот што секојдневно компаниите стануваат се повеќе свесни за потребата од користењето на маркетинг услуги. Ако порано се сметаше дека само големите компании и корпорации имаат буџет за маркетинг и ангажирање на маркетинг агенции, денес сме сведоци дека и најмалите бизниси и стартапи во самиот бизнис план го предвидуваат користењето на маркетинг услуги. За разлика од минатото кога ATL активностите – тв, радио, билборди и печатени медиуми беа актуелни и доминантни, денес BTL активностите и дигиталниот свет континуирано ни отвараат нови видици и можности.

ПАРИ: Што најчесто бараат вашите клиенти за што најмногу го користат маркетингот?

ИН МАРКЕТИНГ: Сите маркетинг активности зависат од потребите на клиентот. “Must” се одржувањето на социјални мрежи, каде имаме директна и непосредна комуникација со клиентите, но секако дека за успешна кампања потребно е многу повеќе. Во моментов имаме клиенти од најразлични индустрии и затоа не можеме да генерализираме и да кажеме дека со секој клиент работиме со ист пристап, едноставно не постои “маркетинг шаблон”. Во зависност од целта и потребите на компанијата, најнапред правиме истражување и стратегија за клиентот и одредуваме што е она што е најсоодветно за бизнисот и ќе ја зголеми продажбата, што на крајот од денот е наша главна цел.


ПАРИ: Особено е популарен маркетингот на социјалните мрежи. Оваа услуга ја нудите и вие, колку овој маркетинг може да и помогне на една компанија и колку е баран кај нас?

ИН МАРКЕТИНГ: Како што напоменавме и погоре, основа се социјалните мрежи. Преку овие канали може брендот да се претстави и да ги пласира своите производи/услуги на својата публика, со помош на многу алатки кои му помагаат на брендот да биде забележан, препознатлив и атрактивен. Инсистираме да бидеме вклучени во сите процеси на социјалните мрежи, со цел да имаме успешен feedback – истражување на пазарот, пласирање на производот на соодветниот таргет, анализа на резултатите од секоја кампања, customer care service, маркетинг план и дизајн… социјалните мрежи навидум изгледаат многу едноставно, но колку повеќе се продлабочувате и ги користите сите алатки тогаш пристапот е многу по сериозен и дава информации кои можат да бидат од клучно значење за бизнисот. Се трудиме да навлеземе комплетно во mind set-от на клиентот и крајните купувачи со цел да можеме да го претставиме производот/услугата, и секако најважно – да ја зголемиме продажбата.

ПАРИ: Кои се вашите идни планови и сметат ли дека маркетингот е една од најветувачките професии?

ИН МАРКЕТИНГ: Маркетингот се менува секојдневно. Нема одмор со оваа професија, спиеме со едно око отворено. Се трудиме да се усовршуваме често и да ги следиме сите маркетинг новости и можности. Плановите ни се да ги прошириме нашите услуги во делот на дигиталниот свет, се со цел да им овозможиме на клиентите да добијат што поголем број на услуги на едно место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг