На 4 ноември во 20 часот, во Музејот на современа уметност - Скопје ќе биде отворена самостојна изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“на Дритон Селмани, еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници.
За косовскиот уметник, кој својата наобразба ја доусоврши на Универзитетот за уметност во Бурнемут, Велика Британија, самостојно изложување во МСУ е голем предизвик. За него, историјата на МСУ, како симбол на солидарноста, која опстојува и во вакви времиња, претставува додадена вредност во пресрет на неговото претставување пред македонската публика
Структурата на изложбата се состои од дела работени во различни медиуми. Авторот ја таргетира препознатливоста на секојдневието, најчесто врзано за апсурдни традиции и хиерархиски структури. Изложбата содржи уметнички дела со фокус на различни прашања од нашата современа состојба, како што се популарната култура, доминантните дискурси на моќта, кои ги обликуваат нашите животи, ги доведуваат во прашање историските наративи, стереотипите и чувството за припадност и исклученост. Досега има изложувано во музејот „Лудвиг“ во Будимпешта, „Кунстраум Нидеростерајх“ Виена, „Каса Контемпоранеа“ Сао Паоло, Медитеранско Биенале 16 Анкона, У10 Белград, 5-то Биенале во Маракеш, Фестивалот на светлината во Амстердам, „Фабрика дел Вапоре“ Милано, Биеналето во Брегенц, „Ексчиесета“ Полињано-а-Маре, Национална уметничка галерија Тирана, Центар за современа уметност Солун, Еугстер || Белград, Фестивалот на светлината во Норкепинг, Кунстмузеум Базел, како и на 14. Манифеста во Приштина, 2022.
Ова претставува важна можност на многу нивоа. Прво, историјата на МСУ-Скопје е многу важна за мене. Идејата за тоа како „солидарноста“ може да опстане во вакви времиња и да биде платформа за прикажување на мојата уметничка практика на блиска, но сепак нова публика. Второ, сличностите, кои со кураторскиот тим ги наоѓаме во претпоставените разлики, го прават овој простор од уште поголемо значење. Посебно чувство ми дава мојата поврзаност со Скопје, како место каде што доаѓам на културен аџилак од 1999 година, и уште повеќе што сега моето претставување станува место за посета на други културни поклоници од Косово.
Сите увидуваме дека постои линија. Имаме многу органски дијалог за одлучување каде треба да се означи конечната линија. Сè е органско, затоа чувствувам дека ова ќе се види дури и во финалниот изглед на самата изложба. Морам да потенцирам и дека ја ценам посветеноста во придонесот и одговорноста од сите кои се вклучени во работата на нашата изложба.
Структурата на изложбата се состои од дела работени во различни медиуми, кои се цврсто поврзани со процесот на давање специфичен живот на безобличните животи. Многу ме интересира препознатливоста на секојдневието обично врзано за апсурдни традиции и хиерархиски структури. Не само со декодирање на тие структури, туку и со надоврзување на истите овие приказни во нови приказни. Повеќе верувам на нераскажаните, отколку на оние кои што се раскажани. Изложбата содржи уметнички дела со фокус на различни прашања од нашата современа состојба, како што се популарната култура до доминантните дискурси на моќта, кои ги обликуваат нашите животи, ги доведуваат во прашање историските наративи, стереотипите и чувството за припадност и исклученост.
Бев многу инспириран од песната насловена „Туѓинецот“ од Шарл Бодлер, и исто така се обидувам да ги гледам сликите, не како форми, туку сакам да ги направам видливи како идеи. Исто како што ги видел Бодлер. Многу често користам поетски референци, бидејќи верувам дека поезијата се однесува на самиот однос помеѓу субјектот и објектот. На овој начин правиме нашата свест да е поприсутна.
Не знам од каде доаѓа ова, но направив дело под наслов, „ХУМОРОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДАУНЛОУДИРА“ (YOU CANNOT DOWNLOAD HUMOR). Понекогаш само се обидувам да ја пренесам оваа состојба на умот во уметнички дела, кои несвесно содржат хумор, како критика на она што ние веруваме дека е дефинитивно. Но, исто така, и како „врата за отворање нови можности без кои менталниот напредок би бил невозможен“ според Гастон де Павловски.
Верувам дека за да бидеш уметник треба да имаш позиција. Привилегиран сум со тоа што имањето позиција може да има и влијание. Какво влијание може да има повторно зависи од уметникот и неговиот јазик. Добар пример за ова може да биде делото „Без наслов“ (2012) кое е дел од изложбата.
Се трудам да ги натерам да размислуваат, што е можно поапстрактно, бидејќи Лаењето на кучињата не ги вознемирува облаците, „облаците што минуваат, ваму-таму... над и отаде... прекрасните облаци!“
Портрети на Дритон Селмани Фото: Блерим Рацај
Дела:
1. Велат дека не можеш да држиш две лубеници во една рака, 2012
С-принт на алуминиум
Фотографија: Блерим Рацај
2. Овие приказни, 2018
Едноканална видеоинсталација
Фотографија: Жаклина Антонијевиќ
3. Нашето минато е наша заедничка иднина, 2019
(од циклусот „Љубовни писма“ (2018-до денес)
Акрилик на пластична ќеса
Фотографија: Рилинд Беќа
4. Надежи и стравови, 2021
Објект (скроено палто и метален сталак)
Фотографија: Душко Миљаниќ