„50-тите се новите 30-ти“: Фотографиите од една од најубавите актерки во историјата го докажуваат тоа

Точка

22/08/2023

13:35

6.092

Големина на фонт

а а а

Дека 50 години се новите 30 често слушате во јавноста, а тоа го докажуваат бројни славни личности.

А, дека тоа не е фаза покажува и примерот на славната актерка Џенифер Конели која има 52 години и импресионира со изгледот исто како и пред неколку децении.

Младоликоста не се ограничува со годините, иако многумина го сметаат спротивното.

Прекрасната Џенифер Конели која импресионираше во филмот „Беше еднаш во Америка“ во 1984 година, толкувајќи ја улогата на младата Дебора, се занимава со мода од рана возраст. Таа направила блескава кариера на која многу од колешките можат да ѝ завидат.

Родена е во Њујорк и била член на актерската екипа „Блескав ум“, а може да ја гледате и во филмот „Топ Ган 2“, во улогата на Пенелопе Бенџамин.

Фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил ја доловуваат нејзината вонвременска убавина која се коментира со следните зборови:

„Најубавата, најталентирана и најинтелигентна“.

Џенифер ја зачувала својата природна убавина и ја одржала фантастичната форма која се покажува на фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи.

Популарната актерка и Оскаровка минатата година заблескала на долгоочекуваната премиера на филмот „Топ Ган“ во Сан Диего, во друштво на сопругот и синот.

Тоа била посебна вечер за актерката која на црвениот тепих ја следеле сопругот и актер Пол Бетани и нејзиниот син Кај Дуган којшто го добила од врската со фотографот Дејвид Дуган, две години пред да го сретне својот сегашен сопруг.

Џенифер Конели од 2003 година е во брак со Пол со којшто ја има ќерката Агнес (11) и синот Стелан Бетани (19).