[ВИДЕО] Среде погреб од солзи наеднаш прснале во смеа: Додека го спуштале ковчегот слушнале глас, а потоа не можеле да се сопрат

Точка

28/11/2023

10:30

9.955

Големина на фонт

а а а

Шеј Бредли од Ирска сакал на пријателите и семејството да им го олесни неговото заминување, па за време на неговиот живот направил аудио кое било пуштено во моментот додека ковчегот со неговите посмртни останки го спуштале во земјата.

Овој Ирец снимил духовито видео една година пред смртта и барал да се пушти пред да го закопаат сандакот.

„Еј, пуштете ме да излезам. Е*ано ќе умрам овде. Што бара тука овој проклет свештеник, пуштете ме надвор“, се слушало на снимката која Шеј ја направил пред неговата смрт, а која била објавена во моментот на неговото вечно испраќање.

Пријателите и семејството кои дошле како би се збогувале со него се смееле додека го испраќале, а снимката завршила на социјалните мрежи.

Инаку, Шеј Бредли овој аудиозапис го снимил бидејќи знаел дека ќе ја загуби борбата со тешката болест, па својот погреб сакал да го изрежира така што неговите блиски луѓе ќе успее да ги насмее и тој тежок ден, како што умеел кога бил жив. Не сакал солзи.

Видеото кое е забележано пред неколку години повторно станало вирално на социјалната мрежа X со преку седум милиони прегледи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг