[ВИДЕО] „Тоа е тоа, не сакам повеќе да спијам со тебе“: Зеленски ја имитирал љубовницата на Путин! Дали ова е причината да омразата прерасне во војна?

Точка

28/11/2023

14:46

1.993

Големина на фонт

а а а

Причината за константната омраза на рускиот претседател Владимир Путин кон украинскиот претседател Володомир Зеленски би можела да биде поврзана со телевизискиот скеч кој Зеленски го снимил уште како комичар во 2014 година.

„Јутарњи лист“ пренесуваат тврдења од новообјавената книга дека тој скеч ги исмевал шефот на Кремљ и неговата љубовница Алина Кабаева.

Во контроверзниот скеч е прикажан Зеленски како имитира руска гимнастичарка за која се шпекулира дека е новата животна партнерка на Путин, со која има и деца.


Приказната се врти околу тоа што Путин доцна се враќа дома, каде што го пречекува 30 години помладата Кабаева, која го прекорува поради тоа и му се „заканува“ дека ќе го му го „ускрати“ сексот.

Овој комичен скеч изгледа безопасен според западните стандарди, но според авторот Михаил Зигар, хроничарот на Путиновата Русија, токму тоа е причината за презирот на Путин кон Зеленски.

„Ниту еден комичар во Русија не би се осмелил да направи таков скеч, а особено тоа што не би го прикажал ниту еден ТВ канал“, пишувал Зигар во својата нова книга: „Војна и казна: Како Русија ја уништи Украина“.


Во скечот, Зеленски ја глуми Кабаева, која бара од Путин да ѝ каже каде бил откако доцна се вратил дома. Тој „се вади“ дека разговарал со својот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за распоредувањето на руските војници на неодамна анектираниот Крим, но Кабаева инсистира на тоа како државната телевизија негира дека на Крим има било какви руски војници.

„Дали ти личам на будала? Гледам руски вести! На Крим нема војска“, Кабаева му вреска нему.

Комичарот кој го играл Путин тогаш признава дека државната телевизија можеби не ја кажува реалната вистина, а потоа во кадарот се појавува вистинската причина за нејзиниот бес – соборениот и обесчестен украински претседател Виктор Јанукович, кого Путин го спасил откако бил соборен во пуч, а кој живее во нивниот плакар.

„Тоа е тоа. Нема повеќе секс, нема повеќе да спијам со тебе“, остро му порачува Кабаева на Путин.

На ова следи неговиот одговор.

„Дозволи ми јас да го решам тоа, јас ќе средам сè.“, зборувал Путин.

Кабаева не е задоволна од одговорот.

„И, како ќе го направиме тоа?, прашува таа.


Путин на тоа одговара „само да го гледа“ што прави, по што тропа на вратата од плакарот на Јанукович.

Потоа се слуша соборениот украински претседател.

„Нема проблем! Нема да излезам од плакарот минута и пол“ порачува Јанукович, што инсинуира колку обично трае сексуалниот однос меѓу Путин и Кабаева.


Кога Кабаева прашува зошто Јанукович пее, Путин одговара: „Претпоставувам за да не нè слуша.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг