[ВИДЕО] Колку коњски сили има еден коњ?

Точка

28/11/2023

13:15

2.005

Големина на фонт

а а а

Иако звучи како реторичко прашање, одговорот е далеку покомплексен.

Тимот кој стои зад каналот „Donut Media“ на YouTube се обиде да го најде одговорот на тоа прашање. Тргнаа од самата дефиниција за коњски сили, според која тоа е моќта потребна за подигнување на маса од 75 килограми (дејствувајќи со сила од 75 килограми) на висина од 1 метар за време од 1 секунда.

Авторите на видеото одат понатаму во минатото и ја пронашле првата дефиниција на крајот на 18 век кога Џејмс Ват дошол на идеја да ја спореди својата парна машина со коњска сила. Тој пресметал дека коњот може да подигне товар од 250 килограми до висина од една нога (0,3 m) за една секунда.

Па така, „Donut Media“ дојдоа до идеја да го доведат коњот до ролерите каде што се тестираат автомобилите. Секако, тоа е многу сложена работа и на крајот ја ангажирале компанијата „Motivo“, која смислила начин како директното движење на коњот да го пренесе во кружното движење на валјаците.

Во ова забавно, но едукативно видео, авторите открија колку „коњски сили“ може да произведе еден човек и на крајот дознаваме колку „коњи“ може да произведе еден коњ. Резултатот може да ве изненади.




Спонзорирани линкови

Маркетинг