Трамп по шокантната одлука: Сакаат да ме замолчат, никогаш нема да им дозволам да ми ја одземат слободата

24 Вести

20/12/2023

11:22

730

Големина на фонт

а а а

Откако судот во Колорадо донесе историска одлука, дека Доналд Трамп не може да се кандидира на претседателските избори во САД, тој и се обрати на јавноста. Медиумите потсетуваат дека поранешниот американски претседател беше обвинет за поттикнување немири во зградата на американскиот Капитол во обид да го поништи резултатот по поразот на американските избори во 2020 година, поради што Врховниот суд во Колорадо пресуди дека тој не може да се кандидира на следните претседателски избори.

Откако судот во Колорадо донесе историска одлука, дека Доналд Трамп не може да се кандидира на претседателските избори во САД, тој и се обрати на јавноста.


Медиумите потсетуваат дека поранешниот американски претседател беше обвинет за поттикнување немири во зградата на американскиот Капитол во обид да го поништи резултатот по поразот на американските избори во 2020 година, поради што Врховниот суд во Колорадо пресуди дека тој не може да се кандидира на следните претседателски избори.


По оваа необична одлука се огласи и самиот Трамп, кој на насобраните поддржувачи им порача дека ваквата судска одлука не е насочена против него туку против американскиот народ, кој нема да молчи.



„Кога овие радикални демократи ќе се соберат и ќе донесат одлука против мене, многу им благодарам, рече Трамп, проследен со аплауз.


Непријателот сака да ми ја земе слободата затоа што сака да ти ја одземе слободата. Никогаш нема да им дозволам да го направат тоа. Сакаат да ме замолчат затоа што никогаш нема да дозволам да ме замолчат и на крајот тие не ме нападнаа мене , тие ве нападнаа вас, а јас само им стојам на патот и секогаш ќе им стојам на патот“, рече Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг