Фудбалерите на Интер се вратија на врвот во италијанското првенство со рутинска победа од 2:0 (1:0) на домашен терен против Фросиноне во последниот натпревар од 12. коло. Интер поведе со одличниот гол на Димарко (43′) од повеќе од 40 метри кон крајот на првото полувреме, кој Италијанците веќе го окарактеризираа како гол на сезоната.